рекумерната исхрана и внесување на калории, масти и алкохол во текот на празниците е нормално, среќа полека полека тоа го оставаме зад нас па веќе од наредниот месец време е да се почне со балансирана и здрава исхрана и полека да се припремаме за летото.
За сите они кои го негуваат својот спортски дух и редовно одат на фитнес вежби и обожаваат спортски стил, имаме среќни вести. Омилените јога панталони, тренерки и спортски маички отсега можете да ги носите и надвор секој ден без да се замарате дека изгледате неприкладно, бидејќи дури и познатите селебрити личности го обожаваат овој стил и доста често се уловени од папараците како го носат својот омилен спортски аутфит.
Сигурно овој тренд ќе охрабри и израдува многу девојки, па кој не го сака лежерниот комфорен изглед, нели?