Златан Ибрахимобиќ денес наполни 36 години а за тој период тој успеа да создаде блескава фудбалска кариера. Зад Златан постојано се нижат златни успеси, а покрај него веќе години наназад е неговата невенчана сопруга Хелена Сегер.
Познатиот пар се запознал во 2003. година, а притоа ги дели 11-годишна разлика во корист на повозрасната Хелена, којашто е инаку по потекло од Шведска.
Тие двајца имаат исклучително стабилна врска, а Хелена спаѓа во групата на нетипични жени на фудбалери. Не сака да се експонира премногу во јавност, и очигледно дека не сака да ја добие само титулата „жена на фудбалер”.
Инаку Хелена е дипломиран економист и работи како маркетинг менаџер за Swatch и FlyME. Во јавноста е секогаш исклучително дискретна, но понекогаш едноставно љубопитните погледи се многу тешки за да бидат одбегнати.
Убавата русокоса дама и босанскиот фудбалер не брзаат да ги стават своите потписи на парче хартија. Хелена своевремено и изјави дека бракот би и ја одземал самостојноста иако имаат два заеднички сина, Максимилијан и Винсет.
Познатите сопружници ги делат и цели 30 сантиметри височина, овојпат во корист на повисокиот Златан. Познатиот фудбалер, со којшто животот и не бил толку “нежен”, и којшто отворено зборуваше за своите проблеми од детството предизвикани од зависноста на својот татко од лаколизми, своето семејно гнездо го цени повеќе од се на светот.
На теренот, тој важи за опасен фраер, додека приватно комплетно и се препушта на убавата Хелена. И како вистински маж, гордо потенцира дека во домот помага и околу домашните обврски.