Освен што е многу вкусен, овој овошен пијалок е преполн со витамини, особено оние кои не штитат од настинки и грип. Тука е и бананата која го прави и оброк, а која попатно ќе ни го подобри и расположението. Кивата, лимонот и портокалот ќе му обезбедат на нашето тело витамин Ц и хранливи материи кои ќе го зајакнат имунолошкиот систем. Сите состојки ставете ги во блендер на средна јачина околу 10 секунди. Сервирајте веднаш и уживајте!
Состојки:
1 филџан свежо цеден сок од портокал
100 гр исецкан ананас
1 банана
1 киви
пола филџан вода
сок од еден лимон
1 лажица мед
ѓумбир со големина на палец, исецкан