
Потребни состојки:
За подлога:
150г мелен кекс.
50г. Путер.
Малку сол од портокал.
За овошен фил:
150г. Свежи или замрзнати боровинки, малини или капини.
2 лаж. шеќер.
За крем фил:
300мил. Слатка павлака.
150г. Несолено сремско сирење.
70г. Шеќер во прав.
Кесичка ванилин шеќер.
За посипување:
50г мелен кекс.
Начин на подготовка:
Замесете го мелениот кекс со путер и малку сок од портокал.
Од смесата направете тенка подлога, според обликот на чинијата за сервирање, и ставете ги на дното на чинијата.
Овошјето испасирајте го , ставете шеќер и кратко варете. Потоа оладете го и разлејте го преку подлогата од кекс. Слатката павлака, добро изматете ја со сремско сирење, шеќер и ванилин шеќер, ставете ја преку овошјето и обилно посипете ја со сомелен кекс. Добро разладете пред послужување.