Пеперутки во стомакот

popara18 декември, 20171min00
9

Зошто се вљубуваме и што се случува во нашето тело кога сме вљубени.

Пеперутки во стомакот, насмевка од уво до уво, кроток поглед, пелтечење и слични симптоми се најсилните човечки емоции на заљубеност, барем во тинејџерските денови. Тие се појавуваат и во подоцнежните години, но тогаш критериумите ни се нешто повисоки па освен физичкиот изглед и заводливиот поглед важни ни се личноста, карактерот, погледот на свет и сл….

Антропологот Helen Fisher од американскиот универзитет Rutgers тврди дека постојат три фази во љубовта – страст, привлечност и приврзаност и со секој од нив управуваат посебни хормони и хемиски супстанци.

Главни виновници за страстта се полните хормони тестостерон и естроген кои не наведуваат на потрага по љубов, додека со привлечноста управуваат адреналинот, допаминот и серотонимот.

Таа втора,позначајна фаза – привлечност, во практика изгледа вака:

Кога ќе ја здогледате личноста во која сте вљубени, а срцето ви бие со сто на саат, дланките ви се потат и ви стомакот се добрите стари пеперутки, тогаш знајте дека адреналинот го направил своето, допаминот ја предизвикува среќата и силниот налет на задоволство. Тоа е тоа чувство кога во вашите очи не постои ништо друго освен вие двајцата, имате енергија за да се искачите на Mount Everest и кога не ви се потребни ни храна ни сон. Допаминот на мозокот делува подеднакво како и кокаинот. Серотонинот пак е заслужен за тоа што саканата личност цел ден не ви излегува од мисли.

Како би влегле во третата фаза – фаза на приврзаност ( која е за некои други теми бидејќи повеќе личи на љубов отколку на вљубеност ), потребна ни е розова визија за реалноста што потсетува на она старата изрека „ љубовта е слепа“, а тоа првенствено се однесува на идеализирање на партнерот. Познавате ли девојка / жена која не го идеализирала својот партнери која не мислела дека никој нема таква прекрасна врска, полна со разбирање, внимание и романтика… ???

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag