Перуанската мака е суперхрана

popara11 декември, 20171min00
3

Мака е корен кој потекнува од највисоките делови во Перу и расте во екстремно студени услови, каде ниедно друго растение не може да преживее. Коренот се суши на ниски температури, а потоа се меле и се продава во форма на прашок.

Поради големите благодети по организмот  маката е сместена во категоријата на суперхрана.Таа претставува природен адаптоген односно нејзиното конзумирање ја зголемува телесната отпорност према стресот, анксиозноста, исцрпеноста. Коренот на маката во себе содржи алкалоиди, аминокиселини, диетални влакна, есенцијални масни киселини,микро и макронутритиенти,витамин Ц,Б2,Б3,Б6, минералите: калциум, железо, цинк, калиум.

Маката е најпозната по својата способност да ги регулира хормоните. Таа не содржи хормони во себе туку го поттикнува телото да произведе повеќе или да го намали нивото на истите. Преку своите адаптогени карактеристики, маката може да го зголеми производството на одреден хормон чие што ниво е ниско, но и да има спротивен ефект доколку нивото на друг хормон во телото е високо.

Дел од придобивките од конзумација на мака се следниве:

  • природен афродизијак бидејќи ја зголемува сексуалната желба
  • влијае врз зголемување на либидото, подобрување на сексуалната функција и подобрување на плодноста (го зголемува бројот на сперматозоидите)
  • позитивно влијае на ПМС, ги намалува менструалните болки и придонесува за редовен циклус
  • ги ублажува симптомите на менопауза (променливо расположение, психички немир, депресија, топлотни бранови, потење, остеопороза)
  • може да помогне во намалување на бројот и интензитетот на мигренски главоболки преку воспоставување на рамнотежа на нивото на естроген и прогестерон во телото
  • има позитивен ефект во случаи на депресија и анксиозност
  • го подобрува имунитетот и го успорува процесот на стареење
  • ја зголемува виталноста, енергијата и целосниот баланс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag