Повеќето жени мразат да чекаат да им се исуши лакот за нокти. Често и немаме доволно време, па маникирот се прави, а така и се уништува, токму во последните неколку минути пред излегување од дома. За да не ви се случува тоа и ноктите да ви бидат секогаш совршени, ви откриваме пет начини за брзо сушење на лакот за нокти.
Студен воздух – Фенот подесете го на ладно сушење и насочете го кон ноктите. За да не се разлие лакот, фенот држете го на сигурна далечина.
Ледена вода – Професионалните козметичарки најмногу го сакаат овој трик. Ноктите кои не се исушиле, потопете ги во студена вода (со мраз).
Тенки слоеви – Наместо два подебели, нанесете три потенки слоеви од лакот. На тој начин лакот побрзо ќе се исуши и ноктите ќе изгледаат посредени.
Спреј – Во повеќето парфимерии можете да пронајдете спреј кој го забрзува сушењето на лакот. Важно е да го нанесувате од безбедна далечина за да не се оштети маникирот.
Лак за брзо сушење – Ако често ви недостига време, лаковите за брзо сушење се вистинскиот избор за вас. Освен што го забрзуваат сушењето, повеќето од нив и на ноктите им даваат убав сја,ј а и го продолжуваат маникирот.