Состојки
70 гр. кашкавал рендан
2 лажици путер
200 гр. карфиол исецкан на парчиња
3 лажици млеко
3 гранчиња свеж босилек
2 домати излупени и исечени
2 моркови излупени и исечени на парчиња
Подготовка:
Гответе ги морковите на пареа 10 минути. Додадете го карфиолот у продолжете да го готвите уште 7-8 минути додека да омекне зеленчукот.
Во меѓувреме стопете го путерот во загреана тава. Додадете ги доматите и мешајте додека да омекне доматот. Тргнете го од оган тавчето и додадете го босилекот и кашкавалот. Мешајте додека не се растопи кашкавалот. Направете пире од морковите, карфиолот и доматниот сос. Додадете го млекото за да добиете помазна смеса.