Победникот на Евросонг, Португалецот Салвадор Собрал се опоравува во болница по извршената трансплантација на срцето, пренесува Би-Би-Си.
Докторите изјавиле дека операцијата поминала успешно.
Хирурзите во болницата Санта Круз во Лисабон велат дека 27 годишниот пејач се чувствува добро.
Португалскиот пејач кој го освои музичкото натпреварување со песната „Amar Pelos Dios“ (Љубов за нас двајца), долго боледуваше од срцето.
-Операцијата помина успешно, изјавил хирургот Мигуел Абекасис за португалските медиуми.
Заздравувањето ќе трае долго и доколку се помине како што треба тој ќе има нормален живот.