Не само што има ниско ниво на масти,а високо ниво на влакна,кои го подобруваат варењето и хранливи материи кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол крвта.
После уживања во калоричната храна,потребно е обновување на телото со намирници кои се богати со прехрамбени влакна,кои го подобруваат варењето и го чистат организмот.Свежото овошје и зеленчук заедно со интегралните житарки се наоѓаат на врвот на пожелни состојки за подготовка на здрав оброк.
Една чинија овесна каша е најдобар начин за почеток на денот.Не само што има ниска маслена вредност,а висока содржина на влакна кои го подобруваат варењето и низа од хранливи материи кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта.
Топлата и вкусна природна каша,засладете ја со парчиња овошје.Повеќето видови на овошје го подобруваат варењето,но надразнатиот желудник од празничните прослави најдобро е да се смири со банана која го стимулира растот на корисните бактерии во цревата.Исто така богата е со калциум кој ги неутрализира негативните последици од претерувањето со алкохолот и калоричната храна.
Во овесната каша додадете и исецкана крушка,богата со природни влакна и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и штитат од сезонските болести.
Рецепт за овесна каша: 80 гр овесни снегулки,150мл вода,малку сол,пола банана и пола крушка.
Подготовка:
1.Загрејте ја водата.Пред да зоврие водата додадете ги овесните снегулки и постојано мешајте ги,околу 1-2 минути додека да омекнат и да станат кремасти.
2.Додајте сол,помешајте,па тргнете ја кашата од оган.Помешајте ја со парчињата исецкана банана и крушка.По желба може да додадете и малку цимет.
Од надуеноста и грчевите во желудникот ќе ве спаси природен чај од ѓумбир.Овој корен врши детоксикација на организмот,односно го поттикнува исфрлањето на нечистотиите од телото.