Ќе Ви кажеме како да си приготвите маски за омекнување и сјај во косите во домашни услови. Домашните маски не се штетни, зато што во нив не ставаме хемикалии, кои обично ги има во готовите производи. Вака и осигуруваме на косата подолг живот, а на себе си помалку „кинење живци“ и фрлање на излишни средства за разни хемикалии.
Има неколку многу ефективни домашни маски за омекнување на косата, кои можеме да ги приготвиме со продуктите кои веќе ги имаме дома. Овие домашни рецепти често даваат подобри резултати од фабричките производи.
Балсам со банана
Балсамот со банана е лесен за приготвивање и служи за омекнување на косата, воедно придава и фантастичен блесок. Помага за лесно оформување на косата.
Во блендер измешајте половина зрела банана, мало парче диња, една супена лажица извара и една супена лажица бадемово масло. Смесата се нанесува обилно врз измиена коса, се остава така да отстои 30 минути и се измива со млака вода. Препорачуваме маската да ја правите еднаш седмично, за да се насладувате на сјајната и мека коса постојано.