Еден од најпознатите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, доживеал страшна траума во детството. За се дури сега отворено прозбори.
Мајк Тајсон во јавноста излезе со долго чувана тајна. Бившиот светски првак прозбори за страшното искуство од детството. Всушност, кога има само седум години Тајсон бил силуван од непознат маж. Страшниот чин се случил на улица, а Тајсон силувањето не го пријавил во полиција ниту пак некому се доверил.
“Сексуално сум злоупотребен кога бев дете. Не зборував за тоа бидејќи тоа не треба да ги интересира останатите луѓе. Не се зборува за вакви работи бидејќи се смета дека ќе бидете обележани за цел живот. Со текот на времето сфатив дека поради тоа не сум лош човек“, раскажа Тајсон.
“Бев дете, а тој постар маж. Сексуално ме злоупотреби. Никогаш повеќе не го видов. Успеа да се изглече од правдата. Тоа се случи само еднаш“, додаде Тајсон. Овој немил настан, како што раскажува, немал големо влијание во неговиот живот. “Се пребродив во текот на боксерските денови. Можам да се носам со тој бес, во тоа немам сомнение. Никој повеќе нема да ме допре“, заклучи “челичниот“ Мајк.