Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се разведуваат, пренесува таблоидот „Свет“. Веќе неколку месеци тие не функционираат како што треба, постојаните расправии станаа нивно секојдневје, така што и двајцата едвај чекаат да се разведат, пренесува „Свет“. Како што јавува „Курир.рс“, вчера во Третиот основен суд во Белград, пејачот поднел тужба за развод откако не успеал да се смири со сопругата за време на краткото летување во Турција. Според медиумите, Соња по никоја цена не сакала да остане во брак со Аца Лукас, со кого ја има ќеркичката Викторија.