
Иако сенката ја третираме како наједноставниот дел за користење од шминката, грешките при нанесување се многу чести. Затоа, прочитајте ги овие совети и избегнете ги.
- Сенката обично се избира според бојата на очите. Но подобар ефект се постигнува кога ќе се направи контраст.
- Мешање на различни бои може да изгледа интересно, но сепак внимавајте да не направите преголема спротивност.
- Сенката не ја ставајте по коректорот за очи, туку пред него за да не изгледа неуредно.
- Ако се наоѓате на средна возраст, треба да избегнувате светликави сенки, бидејќи со нив брчките се повидливи. За тоа решение се сенките со мат-текстура.
- За сенката да дојде до израз, ставете и маскара и молив. Тие на очите ќе им дадат форма, а сенката ќе ги отвори.
- Наместо сунѓерче, за нанесување секогаш е најдобро да користите четка.