Голем пресврт во случајот за убиената Јелена Крсмановиќ Марјановиќ кое се случи пред речиси една година на насипот кај Борча, во Црвенка, убиецот наскоро ќе има лисици на рацете.
– До мене се дојдени информации дека убиецот за десетина дена ќе биде уапсен, дека се собрани докази и дека правдата конечно ќе излезе на виделина, изјавил за српските медиуми сопругот на покојната Јелена, Зоран Марјановиќ кој искрено се надева дека конечно неговата Јеца ќе спие мирно кога ќе се задоволи правдата.
Оперативниот дел од истрагата е готов, информираат од полциијата.
Јелена беше убиена минатата година на 2 април. Таа беше брутално тепана, мачена и усмртена.