Природни лекови од лук

popara21 ноември, 20171min00
6 copy

Различни народи имаат различни мислења за значењето на лукот. За персијците е лек кој ја подобрува циркулацијата, а за египјаните лукот е свето растение. Работниците кои ги граделе пирамидите во Египет го користеле за да ја сочуваат својата сила и здравје. 

Низ историјата, истражувањата покажуваат дека лукот бил лек против беснило, против инфекции, штити од рак на дебелото црево, го намалува холестеролот, штити од артеросклероза, спречува создавање крвни тромби, па дури и се смета како лек за долговечност.

Лукот е богат со минерали, калциум, сулфур, фосфор, железо, јаглени хидрати, сулфурни етерични масла, азотни материи, алин, ферменти, витамини (А, Ц и витамини од Б-група), содржи 200 биолошки активни соединенија.

Намален имунитет, дијареја, кашлица, кивавица, црвени глисти, повраќање, маларија, краста и шуга, воспаление на бешиката, камен во урина, грип, бронхитис, ангина, висок крвен притисок, за здрави крвни садови, шеќер во крвта, покачени маснотии во крвта, за исфрлување на отровите од организмот, за чистење на цревата, воспаление на белите дробови, акни, хемороиди, астма, нервни болести, опаѓање на косата, заболувања на простата, главоболка и ешерихија коли се само дел од болестите кои ги лечи ова извонредно растение.

Лек за долговечност

Дневно се препорачува конзумирање на 1 литар јогурт (природен) со три чешниња лук.

Лек против дијареа

Во мала чаша вински или јаболков оцет ставете исцеден сок од 2-3 чешниња лук. Се пие одеднаш.

Сируп

Вода (иста количина колку шеќерот) и шеќер се варат сè додека сместа се згусти. Откако ќе го тргнете од огин додадете иситнет лук (половина од количината на вода). Од сирупот се пие 2-3 лажици дневно при грип, ангина, бронхитис, заразни болести.

Лек против бронхитис, воспаление на бели дробови, астма

Земете едно чешне лук, испасирајте го и ставете го во мала лажичка. Ставете ја лажичката под нос, на висина од устата и силно вдишувајте преку нос 5 минути. Свртете ја сместата и повторно вдишувајте од миризбата силно преку носот. Воздухот треба да го задржувате околу 4-5 секунди, по што треба полека да се издише. Ова треба да се практикува наутро и навечер во период од 1-2  месеци.

Лек против висок крвен притисок

Секој ден при секој оброк треба да се изеде по едно чешне лук. Кога ќе се нормализира вашиот притисок не престанувајте да консумирате лук. Наместо три пати доволно е барем еднаш дневно за да не ви се јави проблемот повторно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag