Ви претставуваме неколку природни трикови кои ќе ви помогнат да имате сјајна коса без првут:
Бреза: Чајот од листови од бреза е лековит, па затоа ви препорачуваме да ја измиете косата со него веднаш по бањањето, доколку сакате да имате сјајна и свиленкаста коса.
Коприва: Чајот од коприва ја намалува појавата на првут, а разреден со оцет помага против опаѓање на косата. Наполнете три четвртини од една тегла со листови од коприва, па додадете ја кората од 300 гр. јаболка и теглата оставете ја да отстои на топло место 5 недели, а двапати неделно промешајте ја смесата. Од лосионот нанесувајте минимум два пати неделно пред спиење, оставете го да отстои па измијте ја косата.
Пиво: Кога ќе ја миете косата, добро е да ја исплакнете со пиво. Косата ќе добие на сјај и волумен заради дополнителните витамини и шеќери.
Липа: Ако вашата косата е распукана од фенирање или фарбање, ставете една лажива цветови од липа во една шоља врела вода и оставете чајот да се излади, па со него исплакнете ја косата.
Лимон: Миењето на косата со сок од лимон ќе ви помогне доколку имате мрсна коса. Изматете сок од 1 лимон со половина чаша топла вода. Оваа смеса нанесете ја на темето, оставете да делува пет минути, а потоа исплакнетесо млака вода.