Прочистете го организмот и црниот дроб
Нашиот црн дроб е под големо оптоварување, поради нечистотијата што секојдневно ја внесуваме преку преработената храна, шеќер, масти, алкохол, газирани пијалоци и други нездрави производи. Ви нудиме рецепт од природен еликсир, кој успешно ќе ви го прочисти организмот, особено црниот дроб.
Состојки:
– 6 лимона
– 3 грејпфрута
– Корен од ѓумбир со големина од 9-10цм (или 5 лажици ѓумбир во прав)
– 4 чешњина лук
– Неколку листови свежо нане
– Половина литар зовриена вода
– 3 лажици ленено масло
– 1 лажичка ким во прав
Подготовка:
Во сад исцедете ги лимоните и грејпфрутот. Во блендер ставете го ѓумбирот, лукот, чајот од нане и добро промешајте ги. Смесата убаво исцедете ја, а потоа додадете ја во сокот од лимон и грејпфрут. Додајте ја водата, маслото и кимот. Се заедно добро промешајте. Сокот се пие на празен стомак, неколку пати во денот.
Сокот се препорачува за секого, а особено за оние кои конзумираат многу алкохол, газирани пијалоци и слатки.