Откако успеа да го порази на суд својот поранешен љубовен партнер Милан Поповиќ оспорувајќи ја привремената судска одлука нивниот заеднички син Александар половина од времето во годината да престојува кај татка си, Северина Којиќ им се врати на секојдневните обврски, кои вклучуваат често фоткање за социјалните мрежи, се разбира, во промотивни цели… Така и овој пат, Севе објави фотка на која го промовира својот стајлинг за на плажа, кој вклучува модерен црн долен дел на костим за капење, проѕирна бела кошула врзана високо под градите, кежуал-фризура и, се разбира, очила за сонце.