
Сега, откако принцот Хари и Меган Маркл ја објавија свршувачката, целото јавно внимание е на левата рака на актерката од „Костјумари“. Се претпоставува дека принцот и понудил брак на својата половина многу порано од тоа што се зборуваше во јавноста дека тоа се случило овој месец. Утринава веста беше потврдена официјално, но откако стана јасно дека венчавката ќе биде во 2018-та.
Веќе течат шпекулации за прстенот на Меган, а најсилна од нив е дека венчалниот прстен е направен од дијамантите од брошот што бил во сопственост на принцезата Дијана, додека таа била жива.
Венчалниот прстени на велшката принцеза е употребен од Вилијам, кога тој и предложи брак на Кејт Мидлтон во 2010-та. 30-годишниот Хари, и неговата англиска свршеница не објавиле каде ќе се одржи церемонијата, но судејќи по изборот на другите од кралското семејство во Велика Британија, тоа ќе е Вестминстерската опатија, катедралата „Св. Павле“ или капелата во замокот Виндзор.

