Неодамна се пофали дека изгуби неколку килограми (на најодвратниот можен начин), па сега не престанува да носи тесни парчиња.
Ким Кардашијан најпрво во шега на Твитер напиша дека изгубила 3 килограми поради грип поради што беше критикувана од обожавателите, а потоа се прошета во тесни хеланки во боја на кожа и во (пре)краток топ како би се пофалила со новата линија.
Па откако се таквата комбинација го привлече интересот на медиумите и повторно се најде во центарот на вниманието најпознатата старлета на светот реши повторно да заигра на истата карта. Овој пат во прашање е свилен градник сo кој поносно ги истакна нејзините бујни гради, бермуди со детали од тантела (кои повеќе личат на парчиња наменети за во спалната соба или за некој еротски филм!) и тесна блуза за која можеме да кажеме дека служи само како маска која треба да го прекрие фактот дека е во долна облака.
Но, оваа комбинација покрај тоа што покажува дека Ким повторно е во топ форма, недвосмислено зборува и за тоа дека старлетата е скарана со добриот стил.