Работи кои не ги знаете за Меланија Трамп

popara2 октомври, 20171min00
1

Првата дама на Америка, Меланија Трамп често е критикувана и е мета на многу новинари ширум светот. Сепак, Меланија Трамп и не е така лоша како што многумина сакаат да ја претстават.

1. Меланија ја користи својата диплома за дизајн

Меланија чесно си ја заработи својата диплома за дизајн и сака да ја работи таа работа. Таа е дизајнер на неколку од недвижностите што ги поседува Доналд Трамп. Меланија ја дизајнирала и зградата во која престојувала со Доналд и нивниот син пред да се преселат во Белата куќа. Другите дизајнери кои се ангажирани да ги уредат хотелите и другите недвижности на Доналд, мораат да се консултираат со неа пред да ја донесат последната одлука.

2. Таа е посветена мајка

Многу мајки кои се познати и богати вработуваат негувателки за да ги чуваат нивните деца додека тие прават пари. Меланија не е една од нив. Таа досега никогаш не вработила негувателка и нема никаква намера бидејќи не верува во нив. Додека Доналд бил често отсутен во предизборната кампања, таа лично го возела својот син на училиште, го земала и го носела на дополнителните активности кои ги има после часовите.

3. Таа е трета жена на Доналд Трамп

Меланија е третата жена на Доналд Трамп, додека Доналд е нејзиниот прв маж. Доналд претходно се ожени со Ивана со која имаше 3 деца, потоа се ожени со Марла со која имаат ќерка и на крајот реши да го освои срцето на Меланија. Меланија и Доналд имаат син.

4. Работи со добротворни организации

http://images.idividi.com.mk/images/Melania_Trump_Official_Portrait.jpg

Меланија е член и основач на многу добротворни организации, вклучувајќи ги и фондацијата за истражување на рак на дојка. Иако многумина ја критикуваат дека е сноб, во суштина оваа дама прави многу нешта преку кои покажува дека се грижи за другите луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag