Реформ торта
10 февруари, 20170
Потребни состојки:
- 12 јајца
- 500гр шеќер
- 300гр мелени ореви
- 200гр чоколадо за готвење
- 300гр путер
Начин на подготовка:
Ги матите белките со 250грама шеќер и кога ќе добиете цврст снег додадете ги оревите. Од оваа смеса испечете четири кори. Секоја кора пеќете ја околу 20-25 минути на 180 степени. На пареа, мешајќи постојано, варете ги жолчките со останатиот шеќер и кога жолтиот фил ќе се згусне додадете изрендано чоколадо и мешајте да се растопи. Со оладениот крем филувајте ги корите и премачкајте ја целата торта