Решете го проблемот со првутот со јаболков оцет

popara16 март, 20171min00
12

Пред се првутот е неестетска појава. Нема нешто полошо од тоа да поминете часови во средување на косата и на крајот првутот да ја упропасти целата слика.

Првутот може да се појави како резултат на употреба на шампон кој не ви одговара, од стрес, пореметување на хормоните, но и заради исхарната. Зачинета и масна храна како што остава траги на кожата по целото тело остава траги и на кожата на главата.

Доколку веќе имате проблем со првутот тогаш пробајте да му се спротиставите со овој трик. Откако ќе ја измиете косата, во последната вода со која ќе ја исплакните косата ставете малку јаболков оцет. Тој ќе ја неутрализира pH вредноста на кожата. Освен тоа ќе ви даде и убав сјај на косата.

Ефектот е уште поголем кога би користеле домашно приготвен јаболков оцет. Еве како да го направите тоа:

Измелете ги јаболките и оставете ги нека отстојат за да започне процесот. Садот во кој ќе стојат јаболките прекријте го со провидна фолија. Откако ќе започне процесот на “вриење” на јаболковиот сок процедете го и ставете го на оган. Кога ќе зоврие ставете го во вода. На едно литро сок од јаболки одговара три литри вода. Потоа соберете го во шишиња. Чувајте ги шишињата на собна температура. Кога ќе се појави талог тоа значи дека оцетот е веќе спремен за употреба.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag