Криси Тиген и Џон Леџенд се познати по тоа дека не се срамат да ја искажуваат својата љубов во јавноста, па затоа се очекуваше дека за Денот на вљубените ќе направат нешто романтично. Тие снимија видео преку кое им го честитаат Денот на вљубените на сите обожаватели.
Во видеото Криси Тиген е облечена во различни фустанчиња и долна облека, а дури можеме да ја видеме и само со срциња на градите и црвена бунда. Криси и Џон во видеото си пеат еден на друг, а песната којашто е избраа е од 2004 година, Ordinary people, којашто беше вистинскиот хит на познатиот пејач.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=20&v=_DmnffPbQjc