По месец исполнет со шпекулации, Кристијано Роналдо, конечно потврди дека неговата девојка Џорџина Родригез е бремена.
Со ова Роналдо ќе стане татко по 4-ти пат, откако пред само неколку недели ги доби близнаците, Ева и Матео, од непозната сурогат мајка. Фудбалерот веќе го има синот Роналдо Јуниор, кој исто така е роден од сурогат мајка.
Запрашан дали е среќен што очекува уште едно дете, Кристијано кратко рече: Да, многу!
Џорџина (23) претходно беше забележана со зголемено стомаче, но нејзината мајка тогаш негираше дека е бремена.