Русија на Евровизија ќе биде претставена од 28-годишната Јулија Самоилова со песната „Flame is Burning“.
Иако нејзиното учество на Евровизија беше под знак прашалник, Русија сепак, одлучи да влезе во музичката трка.
Јулија Самоилова првпат се појавила во јавноста на натпреварот на руската верзија на „Икс фактор“, пеејќи ја песната на Марија шерифовиќ „Молитва“.
Победувала на бројни натпревари и фестивали во Русија и странство а со песна ги отвори Параолимписките игри во Соча 2014 година.
– Јулија е еден оригинален пејач, шармантна девојка и искусен натпреварувач. Мислам дека на 11 мај милиони гледачи низ светот ќе го делат оваа чувство со нас – рекол водачот на руската делегација.
Иако е родена како здраво дете, во детството престанала да ги чувствува нозете. Во една прилика рекла дека почнала да закрепнува кога престанала со сите терапии, бидејќи единствена терапија за неа е музиката. Од детство е во инвалидска количка, но тоа не ја спречува да живее со полно срце.
Јулија ќе биде втора учесничка со попреченост на Евровизија. Првиот учесник беше претставникот на Полска во 2015 година.