Станува збор за само две вежби, кои ќе ви помогнат за зајакнување на телото, а особено на задникот. За изведување е потребно само 3 минути дневно, а гарантира фантастични резултати.
Kayla Itsines е австралиска фитнес инструкторка, која е популарна на социјалните мрежи, таа креирала режим на вежбање за кој е потребно да имате само 3 минти дневно, кој ќе ви го зајакне телото, а особено задникот.
Двојно клекнување
Раширете ги стопалата, паралелно со рамениците. Лесно раздвојте ги прстите нанадвор. Колковите ипружете ги наназад, а колениците малку свиткајте ги и почнете да го спуштате задникот кон земјата. Потоа малку исправете ги нозете, за да може задникот да се подигне неколку сантиметри нагоре. Повторете го ова 10 пати. За оваа вежба ви е потребна само една минута.
Склекови со подрипнување
Клекнете, ставете ги дланките на земја, а нозете брзо зафрлете ги наназад, така да дојдете во положба за правење склекови. Вратете се во првобитната положба а потоа исправете се со дигнати раце над главата. Повторете ја оваа вежба. Оваа вежба правете ја секојдневно по 3 минути.
Погледнете го видеото во кое овие две вежби се објаснети детално: