Српските медиуми наголемо пишуваат дека пејачката Наташа Беквалац се омажила.
Беквалац вчера објави статус на една од социјалните мрежи во кој вели „Ќе видите вие кога јас ќе се омажам, па ќе ставам слика со човекот“, по што на Инстаграм се појави таква фотографија.
На сликата згодната Наташа е со нејзиното момче Љуба, па српските медиуми се прашуваат дали таа навистина се омажила.