Сослушувањето на сведоците во истрагата за убиството на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ почна во Високото јавно обвинителство во Белград денеска точно во 9.30 часот.
Во обвинителството прв пристигнал адвокатот на Зоран Марјановиќ, Вељко Делибашиќ, и сестрата на Јелена, Теодора, во придружба на нејзината мајка и Ненад Шипка од Центарот за форензички истражувања од Нови Сад.
Зоран Марјановиќ, осомничен за вмешаност во убиството на сопругата Јелена Марјановиќ (33), и понатаму се наоѓа во притвор.