
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа на прославата кај Жељко Јоксимовиќ, по повод раѓањето на неговите две ќерќи близначки, се сретна со својот „љубовник“ од спотот за песната „Кукавица“.

Имено, после 24 години Цеца и нејзиниот манекен Горан Андрејиќ кој денес има 48 години, конечно се сретнаа, а колку беа среќни поради таа средба зборува и фотографијата која пејачката Романа ја објави на својот Инстаграм.
Инаку Горан Андрејиќ се прослави во најтажаната песна на Цеца, во која тој го игра мажот прељубник. Денеска тој се занимава со сериозен бизнис и има 3 деца.
