Пороцесот на вљубување всушност е многу пократок од една секунда, трае 1/5 од неа, покажа најновото истражување.
Стрелата на Амор се движи кон срцето со истата брзина со која кокаинот влијае врз мозокот. Кога човек ќе се вљуби, 12 зони на мозокот почнуваат со работа и лачат допамин, адреналин, окситоцин и вазопресин, кои се ослободуваат истовремено. Имено овие хемиски супстанции се виновни за она глупаво, слатко чувство, кое не обезма кога ќе го видиме саканиот човек.
Новото откритие го поставува прашањето: Кој всушност се вљубува, срцето или мозокот? Според научниците од универзитетот во Сиракуза вљубувањето навистина е работа на мозокот, а не на срцето. Дури ефектот на “пеперутки во стомакот“ е само последица од мозочна активност при која се ослободува адреналин.