Популарната пејачка се соочи со голема загуба. Имено, нејзиниот братучед е убиен на Барбадос, само неколку часа откако се разделиле. Тажаната вест Ријана ја споделила на својот Инстаграм профил со заеднички фотографии и порака.
– Почивај во мир, неможам да верувам дека ноќ пред тоа беше во моите прегратки. Не мислев дека тоа ќе биде последен пат кога ќе ја почувствувам топлината на твоето тело. Ќе те сакам засекогаш.
Тејвон Кајсин Елејни (21) погоден е синоќа но и покрај бразта интервенција на лекарите тој им подлегнал на повредите.
Иако, Тејвон не е роден брат на Ријана, биле многу блиски и поминувале многу време заедно.