Серена Вилијамс трудна и гола на насловната страница

popara29 јуни, 20171min00
3

Успешната тенисерка Серена Вилијамс, која е трудна со своето прво дете, позираше пред објективот на познатата фотографка Ени Лајбовиц, која стои зад некои од најпознатите портрети на славните трудници. Во интервјуто за магазинот „Венети фер“, Серена отворено зборува за бременоста:

„Да ми кажеа лани дека ќе имам бебе, ќе кажев дека сте најголемите лажговци на светот“, искрено признава Серена.