По многуте судски пресуди што резултираа со тоа Северина Којиќ и Милан Поповиќ да добијат рамноправно старателство над заедничкиот син Александар, пејачката побара изземање на целиот суд што учествувал во процесот на некогашните невенчани сопружници.
Северина наведе дека Општинскиот граѓански суд во Загреб е во конфликт со неа, дека постојат пријателски односи меѓу судијата и полномошникот на Милан Поповиќ, кој го претставува на судот, и дека судиите донеле низа незаконски и неправилни одлуки на штета на малолетното дете.
Судот по нејзините остри обвинувања донесе решение дека барањето на Северина Којиќ е неосновано затоа што пејачката изнела исклучиво сопствено мислење, но не и докази за да го потткрепи. Таа навистина не успеа да ги докаже своите тврдења.
Ова е уште еден безуспешен „напад“ на Северина Којиќ врз Милан Поповиќ кој од почетокот на судскиот процес се труди, како што самиот појаснува, да направи се’ за доброто на детето.