Шармот на малиот италијански остров Капри

popara14 август, 20171min00
3

Италијанскиот остров Капри се наоѓа во Тиранското море и во својата историја е познат како магнет за уметниците, глумците, писателите и сите естети. Бил омилен остров на Џеки Оназис, но и на многу други ѕвезди кои уживале да го поминат одморот на овој елегантен остров.

Големината на островот е достапна за одење пеш, но може да користите и такси или автобус кој е прилично евтин, па затоа и преполн. Дивата страна на Капри се наоѓа на крајбрежјето, каде се смесетни малите, изолирани плажи кои нудат приватност.

Во центарот на средновековниот град се наоѓа Пиацета, наречена „мал светски театар“. Секако треба да се искористи оваа „сцена“ за уживање, особено во попладневните часови во периодот на „аперитиво“. Од плоштадот на улицата Трагара пак, ќе стигнете до Белведере ди Трагара од каде се пружа величестве поглед на трите импресивни карпи во морето кои се симбол на Капри, наречени Фараљони.

Освен релаксирачки престој, морски авантури, фантастична храна и спектакуларен поглед, Капри може да се доживее и преку архитектурата на градот. Изборот на хотели е голем, од оние најлускузните до традиционалните пансиони кои се препознатливи по ретро стилот.

И рестораните и баровите на ова волшебно место се бројни и преполни, но сепак не го заобиколувајте барот Jacky во близина на Белведере ди Трагара, каде се ужива во различни коктели. Од пицериите – најпозната е „Пицериа мама“ каде буквално се чека за слободна маса, додека во ресторанот Пулали освен совршената храна ќе добиете и совршен поглед на морето.

Локалот кој ниту една ѕвезда не го заобиколува е ресторанот Аурора, каде се направени и безброј „папарацо“ фотографии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag