Широки и неверојатно удобни панталоните кои ги одбележаа седумдесетите години, оваа година се враќаат на модната сцена. Овие удобни и лесни панталони совршено одговараат на секаков облик на тело.
Тие се совршен избор за моментите кога сакате да изгледате модерно, но сепак да уживате во леснотијата на материјалот. Експериментирајте со дезените и боите и изберете нешто впечатливо што нема да остане незабележано.