Ана Николиќ и нејзиниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста наскоро се селат во луксузна вила од 500.000 евра, која ја градат на Вождовац. Со оглед на тоа дека градежните работи се сеуште во тек, селењето би требало да биде на почетокот на следната година. Пејачката и раперот воделе сметка за секој детал, па нивната оаза, освен раскошна вила ќе има и базен, музичко студио, детско игралиште и голем паркинг. Иако се породи пред три месеци, Ана со ќерката Тара редовно го посетува градилиштето бидејќи Раста воглавно е презафатен со настапи во земјата и странство.