Убавите, густи и негувани веѓи станаа тренд изминативе неколку години, па секоја жена очајно посакува да го достигне тој идеал, бидејќи сите знаеме дека веѓите се украс на лицето.
Ако сте почетник на оваа тема и ви требаат повеќе совети за нивно одржување, пополнување, исцртување и кубење, само следете ги овие 10 трикови:
1. За да одредите каде треба да ви почнуваат, а каде да ви завршуваат веѓите, искористете го овој начин на мерење. Веѓите треба да завршуваат под агол кој ги допира носот и крајот на окото, а треба да почнуваат малку пред почетокот на окото. Лакот треба да биде на две третини над окото.
2. Пред да ги кубете веѓите (ако тоа го правите сами) исцртајте го обликот кој го сакате со потемно моливче. На тој начин нема да скршнете.
3. Не заборавајте дека исцртувањето е важно. Користете моливче или закривена четка и сенка. Нијансата може да биде малку посветла од веѓите, но никако потемна. Задолжително истакнете го лакот под веѓата со светол коректор или сенка.
Туторијали кои ќе ве научат како да го правите тоа чекор по чекор: