Шок: Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу во младоста биле сексуално злоставувани!

popara12 октомври, 20171min00
7

Откако холивудскиот продуцент Харви Вајнстин доби отказ од компанијата која тој самиот ја основаше, голем број актерки почнаа да се пријавуваат како жртви на сексуално вознемирување од страна на 65-годишникот.

Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу излегоа со тврдење дека имале инциденти на сексуално вознемирување со продуцентот на почетокот на нивните кариери.

„Имав лошо искуство со Харви (Вајнстин) кога бев помлада. Оттогаш решив никогаш повеќе да не соработувам со него, и наместо тоа да ги предупредувам другите за неговото однесување“, напиша Џоли во мејлот кој го прати до New York Times.

Гвинет Палтроу го осуди однесувањето на Вајнстин како неприфатливо и срамно.

„Кога ја добив главната улога во филмот ‘Emma’, Вајнстин ме повика во неговата хотелска соба и ми предложи да ме масира, притоа ставајќи ги рацете на моите нозе. Бев преплашено дете тогаш, па побарав од моето тогашно момче, Бред Пит, да ја расчисти ситуацијата. Мислев дека веднаш ќе бидам отпуштена“, изјави Палтроу.

По скандалот, сопругата на Вајнстин објави дека го напушта, барајќи развод и покрај тоа што помина 10 години во брак со него. Тие имаат и две деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag