Руската тенисерка Марија Шарапова нема да игра на Ролан Гарос, бидејќи Француската тениска федерација не и додели специјална покана за учество.
Шарапова која на терените се врати по 15-месечна суспензија поради допинг, не е доволно добро рангирана за директно учество на вториот годинашен Грен слем.
– Вајлд карта добиваат играчите кои се враќаат на теренот после повредата. За повратниците по допинг нема џокери, најави претседателот на Француската тениска федерација Бернард Жудичели.
„Ролан Гарос“ почнува на 28 мај.
Шарапова која два пати го освојувала трофејот во Париз, пред еден месец се врати на тенисот и во моментов е на 211. место на ВТА рејтинг листата.