Шокантно: Марија Шерифовиќ призна, болна сум и болеста напредува

popara28 јуни, 20171min00
11

Марија Шерифовиќ открива дека нејзината опседнатост да држи се под контрола ги надминува границите на нормалното. Пејачката нема мир, ако се не тече според планот.

-Не сум недоверлива туку сум малку болна. Сакам се да држам под контрола и се да гледам со своите очи, рече Марија во емисијата „Стем011“.

Шерифовиќ вели дека нејзината опсесивно-компулзивна болест е во пораст што покажуваат нејзините повреди кои ги здобила пред концертот во Комбанк арената. Пејачката пред камерите ја покажа лузната на својата лева рака која и останала откако исеченицата и зараснала.

-Нешто местев, вадев нешто. Ни јас не знам што се случи, но и ден денес ја носам лузната од тоа. Десет минути пред почетокот на концертот бев на шиење и со фластери излегов да пеам. Тоа доволно говори колку мојата опсесивно – компулсивна болест е во пораст, рече таа.