Сигурно знаете дека никогаш не би требало да ги стискате мозолчињата, но понекогаш искушението може да биде преголемо.
Доколку мозолчето не покажува никакви знаци на попуштање, многумина решаваат да го стиснат. Иако тоа воопшто не е добро, постојат трикови кои ќе ви помогнат да ја санирате настанатата штета на кожата.
И додека директорот на дерматолошката медицинска школа Маунт Синај Гери Голденберг не препорачува стискање на мозолчиња, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ја поправите настанатата ситуација.
Прво, ставете ладен облог на местото каде што сте го стиснале мозолчето за да го намалите отокот и црвенилото. Потоа нанесете бенизол пероксид на спорното место на кожата.
“Кога ќе го стиснете мозолчето, неговата содржина може да се растече понатаму, бенизол пероксидот може да помогне при намалувањето на бројот на бактерии, да го намали воспалението и шансите за настанување лузна”, тврди Гери Голденберг.