Што им е важно на мажите кај девојките во врската, освен интимниот чин

popara17 март, 20171min00
2

Додека девојките копнеат за романтика, свеќи, црвено вино, рози и свилени чаршафи, момците копнеат за жестока акција во постелата. Ќе се согласите дека добриот секс е важен столб за секоја здрава врска.

Но, за да ги ублажиме предрасудите дека мажите сакаат само секс, запрашавме неколку момци за тоа што им е важно кај девојките и во врската, освен интимниот чин.

Еве што кажаа тие…

Неколку пати сум размислувал на темава. Со некои девојки сум останал во врска токму поради сексот. Но, тоа не биле квалитетни врски и секогаш брзо се распаѓале. Сметам дека во една врска треба да има доверба, разбирање и компромиси. – Виктор, 27 години
Се разбира дека сексот е најважниот фактор. Но, ако нема љубов, разбирање и меѓусебна поддршка, врската е осудена на пропаст. Сакам да имам се во една врска и да ме прави де са чувствувам комплетен. – Петар, 30 години
Што друго сакам освен секс… Ја сакам девојка ми, нејзината насмевка, начинот на кој ме гледа, моментите кои се само за нас и никој друг, сакам кога се грижи за мене. – Јован, 29 години
Сакам кога ќе се разбудам покрај неа, рано наутро. Кога се инаетиме кој ќе го прави утринското кафе. Сакам кога се лути, таа и тогаш е проклето секси. Го сакам тоа што секогаш користи одбрани зборови за да го нахрани моето его. – Милан, 32 години
Нормално дека сакам секс. Но, кога малку ќе се подзамислам, сфаќам дека сакам и други работи во врската освен тоа. Сакам да се разбираме со поглед, да нема напнати, тензични ситуации, да не драматизира, да ја имам слободата која сум ја имал претходно… – Горан, 29 години
Пред неколку години единственото нешто што го сакав од една девојка беше само секс. Но, ставовите веројатно се менуваат како што старееме. Од денешна перспектива кога сериозно размислувам дека ми е време да се скрасам, сакам девојка која ќе ме почитува и сака и која ќе биде добра не само во креветот, туку и во кујната. – Оливер, 30 години
Не е точно дека ние мажите сакаме само секс. Со онаа вистинската тоа ќе биде водење на љубов, момент на интимност и поврзување. И ние мажите сакаме нешто под површината, нешто што ќе не допре, разгали, ќе не направи подобри. – Деан, 26 години
Јас, како маж разликувам два вида на секс, оној од потреба и оној од страст и љубов. Тој вториот повеќе го сакам. Исто така сакам девојка која освен партнерка ќе ми биде и пријателка и ниту еден разговор нема да биде здодевен или тензичен. – Николај, 24 години

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma