Нема ништо поинтересно од тоа да учиме за нашата сексуалност (и за сексуалноста на другите, ако сме заинтересирани, секако).
Вашиот хороскопски (Сончев) знак опишува многу од карактеристиките на вашиот сексуален карактер.
Погледнете го вашиот знак и откријте повеќе за себе и за било кој друг сте заинтересирани да видите дали сте компатибилни.
Овен (20 март до 20 април)
Луѓето родени во знакот на овен се дефинитивно авантуристи и импулсивни, и многу од нив ентузијастично уживаат во чинот на сексуално освојување. (Тие замислуваа дека се доминантниот лик во „50 нијанси на сиво“!) Овните го обожаваат ловот и најчесто се тие кои ловат отколку што се ловени. Нив ги мотивира моменталното сексуално задоволување и не сакаат многу драма и играње емотивни игри. Кога ќе се внесат, тие имаат голема енергија за страстен, врел секс. Знакот овен раководи со главата, па затоа тие сакаат да им се масира косата или скалпот за да се внесат во правото расположение.
Најдобри партнери за секс: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци, Вага, Водолија
Бик (20 април до 20 мај)
Бикот е еден од најсензуалните од сите знаци на зодијакот. Сексот највеќе ги задоволува кога им се стимулирани сетилата (на пр., храна, музика, уметност, убавина, допир). Но, и трошењето пари на нив може да ги возбуди многу, исто така. Затоа што можат да бидат малку мрзливи, тие најчесто чекаат сексот да им дојде, отколку да го бараат. Но, кога се внесени, на нив им е потребен партнер кој може да ја издржи нивната безкрајна страст. И да, тие се практични, па затоа не се грижете, тие ќе имаат кондом при рака. Тие може да бидат посесивни, ако им се допаѓате многу.
Најдобри партнери за секс: Бик, Девица, Јарец, Рак, Шкорпија, Риби
Близнаци (21 мај до 21 јуни)
Близнаците се отворени, енергични и се забавуваат со нивната сексуалност. Тие уживаат во флертувањето и развивање на секси врска со предметот на нивниот копнеж. Тие се екстремно имагинативни и храбро ќе имаат секс на најнеобичните места. („Ајде да се забавуваме малку и да го правиме тоа во креветот на моите родители.“) Затоа што се тие многу вербални, не се срамат да зборуваат валкано. Може да ги излудите ако им шепкате валкани работи на уво. Тие мразат здодевност додека водат љубов, па затоа очекувајте дека ќе експериментираат и ќе ги измешаат малку работите во спалната соба.
Најдобри партнери за секс: Близнаци, Вага, Водолија, Овен, Лав, Стрелец
Рак (22 јуни до 22 јули)
Поради тоа што со раковите раководи Месечината, нивните сексуални страсти се побудуваат откако ќе ги заведете и направите да се чувствуваат емотивно комотни. Тие се многу интуитивни и способни да осетат како да ги задоволат вашите сексуални потреби сé додека тие се чувствуваат безбедно и сигурно. Ако тие се чувствуваат сакани, нивниот пристап кон водењето љубов е креативен и сензуален, како и страстен. Можете да ги внесете во правото расположение со внимателен гест (да им поклоните цвеќиња, на пример), сентиментален подарок или да им зготвите вкусен оброк. Ова последново може и да ги потсети на други задоволувачки орални стимулации.
Најдобри партнери за секс: Рак, Шкорпија, Риби, Бик, Девица, Јарец
Лав (23 јули до 22 август)
Лавовите се страсни љубовници кои се ослонуваат на нивниот шарм и харизма да привлечат љубовник. Ако чувствуваат романтична хемија, тие можат да црпат од нивното моќно либидо. Тие се забавни, креативни и дарежливи во кревет, но очекувајте малку драма ако тие не се чувствуваат како центар на внимание. Поради нивното кревко его, потребни им се чести потврди за нивната величественост. Но, вреди, затоа што вие ќе уживате во нивната грижлива, заљубљива и страсна природа како и во нивните обиди да ве заведат со предигра која ќе трае цела вечер.
Најдобри партнери за секс: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци, Вага, Водолија
Девица (23 август до 22 септември)
Девиците најчесто изгледаат слатки, невини и незаинтересирани за секс на прв поглед. Но не дозволувајте тоа да ве излаже затоа што тие можат да бидат многу сексуални и сензуални, особено кога се чувствуваат сигурно. Тие мораат да најдат баланс помеѓу тоа да бидат задоволувачот и потребата работите да бидат совршени. Добрите вести се дека тие се гордеат за тоа што се добри во било која активност што ја практикуваат – и водењето љубов не е исклучок. Не барајте „фенси секс“ со нив, но тие можат да ви пружат добро дизајнирано и земјено искуство на водење љубов во кое ќе уживате. Тајната е да ги опуштите пред сексот со тоа што ќе ги допирате или ќе ги масирате.
Најдобри партнери за секс: Бик, Девица, Јарец, Рак, Шкорпија, Риби
Вага (23 септември до 22 октомври)
Вагата е еден од најсензуалните знаци на зодијакот. Тие ценат убави работи и се најчесто прилично префинети со одличен вкус и деликатен сензибилитет. Немојте никогаш да бидете груби со нив затоа што тоа ќе ги одврати. Затоа што се екстремно вербални и дружељубиви, тие се возбудуваат сексулано преку ментална стимулација и вербална предигра. Нивната сексуална страст доаѓа со флертување и заводлива игра. Вагите сензуално ги возбудува сé што им се допаѓа естетски: музика, уметност, мода, убавина и романтични ресторани. Тие го сакаат амбиентот на луксузно опкружување, и добро реагираат на предигра што вклучува свеќи, вербална стимулација и бавно допирање.
Најдобри партнери за секс: Близнаци, Вага, Водолија, Овен, Лав, Стрелец
Шкорпија (23 октомври до 21 ноември)
Шкорпиите имаат добро заслужена репутација дека се заводливи, страсни и многу сексуални кога се вистински внесени во врска. Тие знаат да бидат интензивни и многу еротични, често малку перверзни затоа што ништо не им е вон репертоарот кога станува збор за нивните страсни желби. Затоа што најчесто не сакаат секс без обврски, на нив им е потребно да осетат длабока емотивна поврзаност пред да станат навистина интимни. Често има голема доза на драма и конфликт во нивните сексуални врски поради нивната посесивна природа и потребата за моќ и контрола. Очекувајте да ве поседуваат како сродна душа – не само како партнер за во кревет.
Најдобри партнери за секс: Рак, Шкорпија, Риби, Бик, Девица, Јарец
Стрелец (22 ноември до 21 декември)
Стрелците се Петар Пан на зодијакот. Тие се талкачи и барачи кои сакаат да флертуваат, се шармантни, заљубљиви и интелектуално интересни. Секс е нивната идеа за добро поминато време. Очекувајте да бидат разиграни, авантуристи и да не се плашат да пробаат нешто ново. На нив им е често здодевно, па затоа им е потребна спонтаност и разноликост во нивните секс животи. Тие се забавни и голема среќа е да се биде со нив. Тајната да ги освоите е да избегнувате да бидете посесивни или да ја ограничувате нивната слобода.
Најдобри партнери за секс: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци, Вага, Водолија
Јарец (22 декември до 19 јануари)
Јарците, покрај нивната конзервативна природа, имаат добро заслужена репутација дека се еден од најсексуалните и најсензуални знаци на зодијакот. Не барајте од нив да сакаат јавно покажување на љубов. Но, зад затворени врати, тие можат да бидат страсни со голем сексуален апетит. Тие се ориентирани кон цели и може да пробаат да ве импресионираат за да го добијат вашето срце и либидо. Јарците се трпеливи и уживаат во додворување и заведување на нивната љубовна симпатија. Како љубовници, тие имаат голема сексуална кондиција и обожаваат да задоволуваат и да бидат задоволени.
Најдобри партнери за секс: Бик, Девица, Јарец, Рак, Шкорпија, Риби
Водолија (20 јануари до 18 февруари)
Водолиите се неконвенционални љубовници кои делуваат повеќе опуштено отколку сексуално. Но, под тој изглед кој вели „ајде да бидеме пријатели“ се крие личност која е ентузијастична и имагинативна кога се работи за сексот. Покрај тоа што се лојални партнери, тие може да бидат малку емотивно дистанцирани кога се во сексуална врска. Тие се оригинални и иновативни и сакаат да испробуваат нови работи како начин да го направат сексот да биде интересен. Па, ако вие сте конзервативен тип кој не сака да експериментира можеби водолиите не се прав партнер за вас.
Најдобри партнери за секс: Близнаци, Вага, Водолија, Овен, Лав, Стрелец
Риби (19 февруари до 20 март)
Со нивната сензуална и маѓепсничка природа, рибите немаат проблем да привлечат сексуални партнери. Тие се романтични и игриви и копнеат за сродна душа која ќе ја цени вредноста на љубовта пред сексот. Тие се екстремно сензуални, вреднувајќи музика, поезија или романтичен подарок како цвеќиња или миризлив парфем. Кога еднаш ќе им каже интуицијата дека ја пронашле правата романса, тие стануваат сексуално имагинативни љубовници кои живеат за да го задоволат нивниот партнер. Сепак, тие имаат многу кревка природа, па затоа избегнувајте повредливи или нечувствителни коментари кои ќе ја стопат интимноста која сте ја создале. Рибата љубовник ќе ве маѓепса сексуално и ќе ве наведува да му се враќате за повеќе магија.
Најдобри партнери за секс: Рак, Шкорпија, Риби, Бик, Девица, Јарец