Општо е познато дека на човекот потребни му се помеѓу 7 и 8 часа сон како би бил одморен и подготвен за новиот ден.
Страницата BrightSide направи видео и објасни што се случува со телото и умот на лице кое не би спиело цела недела. Иако овој „проект“ делува незамисливо, состојбите се следниве:
Прв ден – последиците се целодневен замор и слаба концентрација.
Втор ден настапува состојба на замор и проблеми со меморијата и памтењето податоци.
Трет ден без спиење доаѓа до проблеми со говорот и неможност да се движите и да ги извршувате нормално работите.
Четврт ден недостаток на сон би се одразил на менталната состојба на човекот, па пропратните ефекти би биле депресија и апатија.
Петти ден настапува фаза на бес поради сериозно заморување.
Шестиот ден покрај физичкиот замор, менталната состојба би била загрозена. Халуцинации и мрморење во текот на говор би биле најдоминантни елементи.
Седмиот ден настапува „зомби фаза“. Односно целосна исклученост, состојба слична на кататонија.
Ова е еден од најопасните експерименти бидејќи сонот е многу важен за имунитетот и генералната здравствена состојба.
What will happen if you don't sleep for a week
Don't try this at home, okay? 😨goo.gl/KSB1JX
Gepostet von Bright Side am Sonntag, 5. März 2017