
Раскинувањата не се секогаш едноставно разделување на двајца кои сфатиле дека веќе едноставно не се еден за друг, туку знаат да бидат и прилично тешки, посебно за оние кои никогаш искрено и отворено не си ги кажале работите кои ги мачат.
Таков е случајот и со Али и Ендру кои биле заедно 7 години, а потоа раскинале. Две години подоцна тие повторно се сретнуваат за проектот “The And” кој открива како врските прекинуваат и кои се работите кои останале неискажани меѓу бившите партнери.
Повеќе од очигледно е дека речиси никогаш работите не завршуваат со искрен и отворен разговор, а таков е случајот и со овој пар.
Нивниот отворен разговор кој се случува по 2 години, можете да го погледнете во 2 видеа кои се одговор на две прашања: