Дознајте за ризикот од внесување на поголема количина на сол. Поголемата внесена количина на сол може да предизвика повисок крвен притисок, а покрај тоа може да предизвика срцев удар, мозочен удар, лоша работа на срцето и бубрезите. Доколку имате проблеми со овие органи мора да внимавате на внесувањето на сол. Истражувањата покажуваат дека солта штети на мускулите на срцето како и на артериите. Други истражувања докажуваат дека солта може да предизвика рак на желудникот, кој е еден од врстите на рак кој најбрзо се шири. Сепак, солта неможе да ја поврземе само со лоши работи. Таа сепак му е потребна на организмот, за рамнотежа на течностите во нашето тело, ги пренесува нервните импулси, и ја помага работата на многу мускули. Дневната потребна количина на сол на нашиот организам му е 500 милиграма. Доколку сте јаделе некоја конзервирана или смрзната храна во која се става поголема количина на сол, потребно е веднаш по тоа, да јадете ореви. Практикувајте да јадете свежа храна, па наместо сол, како зачин, користете билки и лимонов сок.