Ова лето впечатливите неон бои ќе ги најдете апсолутно насекаде: на модниот подиум, на црвениот тепих, шминката, маникирот, педикирот, аксесоарите, чевлите…
И додека Лејди Гага и Кејти Пери покажуваат како неон боите знаат да шокираат, од другата страна Џенифер Лопез и Џесика Алба се пример за ѕвезди, кои знаат како да го искористат позитивното од оваа тенденција.