Потребни состојки:
24 пилешки крилца
50 гр. кафеав шеќер
2 чешниња лук
2 лажички лут сос
150 мл. вода
1 лажица мајоран
2 лажици мед
100 мл. соја сос
1 лажица пченкарно брашно
Подготовка:
Во посебен сад измешајте го кафеавиот шеќер, ситно сецканиот лук, лутиот сос, водата, мајоранот, медот и соја сосот и мешајте се додека не добиете хомогена смеса.
Во тава за печење ставете ги пилешките крилца, а одозгора прелијте ги со сосот и затворете ја тавата со алуминиумска фолија. Печете на температура од 200 степени 25 минути. Извадете ја тавата од оган и сосот во кој се печеа крилцата ставете го во тавче.
Тавчето со сосот ставете го на умерен оган и додадете го пченкарното брашно и 50 мл. вода и гответе се додека смесата не се згусне. Потоа со сосот повторно прелијте ги крилцата и вратете ја тавата во рерна. Печете уште 15тина минути, односно се додека крилцата не добијат златна боја. Добар апетит!